Фото: EPA-EFE/UPCH / HANDOUT EDITORIAL USE / NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во обид да избегнат судир на втор бран на Ковид-19 и сезонски грип: Азиските земји се подготвуваат за агресивна вакцинација

Дел од државите на азискиот континент, нешто порано од вообичаеното, подготвуваат агресивни кампањи за вакцинација против грип, стравувајќи дека избувнувањето на епидемијата на сезонски грип во истовреме со новиот бран од Ковид-19 може да ги преоптовари нивните здравствени системи.

Во Јапонија на пример, здравствените власти подготвуваат 31,2 милиони дози на вакцини против грип, што е за седум проценти повеќе од минатата година.

Јужна Кореја, пак, за своите граѓани ќе обезбеди 30 милиони вакцини против грип, што е за 20 отсто повеќе од лани. Околу 19 милиони лица или една третина од вкупното население, ќе бидат вакцинирани бесплатно.

Во некои делови на Кина има зголемен интерес меѓу населението за вакцинирање против сезонски грип, а властите во Тајван веќе најавија дека бесплатно ќе обезбедат над шест милиони дози на вакцина против грип. Во Австралија, која е дел од азиско-пацифичкиот регион, властите веќе обезбедија 16,5 милиони дози од ваквите вакцини.

Британските медиуми наведуваат дека сличен тренд постои и во Европа и во САД, а американските фармацевтски компании се очекува оваа година да произведат и испорачаат околу 200 милиони дози на вакцини против грип или околу 20 проценти повеќе од вообичаеното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот