Во насилствата на Хаити настрадаа двајца новинари

Хаити/ Фото: Richard Pierrin / AFP / Profimedia

Двајца новинари беа убиени на Хаити во последниве недели во услови на насилство од локално банди во и околу главниот град Порт-о-Пренс. Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека радио новинарот Думески Керсент бил убиен во средината на април, а новинарот Рикот Жан бил пронајден мртов во вторникот.

„Безбедносната криза во земјата ги става новинарите во постојан ризик од екстремно насилство. Одговорност на властите е да се погрижат новинарите да можат да ја вршат својата работа без страв од насилство“, рече денеска директорот на Комитетот Карлос Мартинез де ла Серна.

Здружението за медиуми на Хаити, исто така, ги осуди убиствата, додавајќи дека „климата на толеранција и поттикнување насилство“ довела до убиството на Керсент, кој беше новинар на радиото Теле ИНУРЕП.

Хаитискиот весник Новелист претходно објави дека Жан бил киднапирана во понеделникот и дека неговото тело било пронајдено следниот ден.

Според УНЕСКО, најмалку девет новинари биле убиени на Хаити минатата година.

Од 2000 до 2022 година во таа земја биле убиени најмалку 21 новинар.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на итно распоредување на меѓународни вооружени сили на Хаити за да се запре ескалацијата на насилството на бандите и најтешката криза за човековите права во земјата во последните децении, предупредувајќи во новиот извештај дека несигурноста во главниот град достигна нивоа споредливи со земји во вооружени конфликти.

Опколените национални полициски сили на Хаити се соочуваат со зголемени напади кои резултираат со зголемен број полицајци кои ги напуштаат своите позиции или земаат одмор, се пензионираат и од неодамна аплицираат за хуманитарни програми во САД, рече генералниот секретар. За жителите на Хаити кои бараат безбедно засолниште поради условите во земјата отворени се разни програми.

Во внатрешноста на една опустошена метропола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот