Во Мексико убиена градоначалничка во нејзината канцеларија
Градоначалничката на Сан Матео Пиња, општина во јужната мексиканска држава Оахака беше убиена во неделата во градски престрелки откако четворица вооружени лица упаднаа во нејзината канцеларија во градското собрание, каде што убија и еден советник, соопшти државната полиција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Градоначалничката Лилија Гарсија беше убиена рано во неделата во заедницата Сан Матео Пиња.
Четворица напаѓачи, кои патувале со скутери, влегле во градското собрание, провалиле во нејзината канцеларија и ја убиле неа и втората жртва, градскиот советник Ели Гарсија.
🚨🇲🇽 | #URGENTE Oaxaca, estado fallido: Terroristas asesinaron a tiros a la alcaldesa de San Mateo Piñas, Lilia Gema García, dentro del palacio municipal. pic.twitter.com/8nXwGWq9WJ
— La Derecha Diario México (@DerechaDiarioMX) June 15, 2025
Според полицијата, повредени се уште двајца советници.
Нападите врз јавни службеници, избрани функционери и политичари се алармантно чести во Мексико. Тие главно ги извршуваат организирани криминални банди кои сакаат да ги елиминираат луѓето што ги сметаат за свои непријатели или кои одбиваат да примат мито.


