Во Косово ќе се апсат српски полицајци

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска изјави дека властите во Приштина, во обид да ја ослабат одбраната на северно Косово, имаат намера во понеделник да апсат српски полицајци.

Според информациите кои ги добил Вучиќ, властите во Приштина сакале да уапсат 26 припадници на косовската полиција од северно Косово, како и 15 други лица, со цел тоа подрачје да остане незаштитено.

– Тоа е нова намера, под изговор дека тие, наводно, учествувале во корупција и тоа ќе го прикажат како случај на борба против корупцијата, со цел северот на Косово и Косовска Митровица да останат незаштитени и тоа сакаат да го направат на највалкан начин – рече Вучиќ.

Тој рече дека за намерата на Приштина ги информирал меѓународните институции и оти лично вчера направил неколку телефонски разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот