Во која земја од Западен Балкан најмногу поскапе лебот?

Извор: Радио Слободна Европа/ Обработка на податоци: Иван Самарџиев

Поскапувањето на лебот е најновиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, не само во Македонија, туку и во останатите земји од Западен Балкан.

Во однос на земјите од Западен Балкан, Албанија е земјата во која лебот најмалку поскапе, додека во Црна Гора цената на овој главен прехрамбен производ е двојно зголемена, објави Радио Слободна Европа.

Имено, лебот во Албанија поскапе за 20 отсто, па сега жителите на оваа земја го купуваат по цена од 0,51 евро (31.67 денари). Лебот во Србија поскапе за четири отсто повеќе од Албанија, а граѓаните за него плаќаат 0,42 евра (26.08 денари).

Во Босна и Херцеговина овој производ чини 0,79 евра (49.05 денари), што е за 35 отсто повеќе во споредба со лани.

Исто процентуално поскапување има и кај нас, каде во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 45 денари. Во Косово оваа основна храна поскапе за 39 отсто, а граѓаните можат да ја добијат за половина евро.

Лепчето од 250 грама на „Жито Лукс“ стигна до 28 денари!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот