Лепчето од 250 грама на „Жито Лукс“ стигна до 28 денари!

Фото- Архива : Слободен печат

Нови цени на лебот, уште повисоки, има од вчера во продавниците. Едно мало лепче од 250 грама на „Жито Лукс“ чија цена беше 25 денари, сега е 28 денари. До неодмна, големиот леб од 450 грама, „Жито Лукс“ го продаваше по оваа цена – 28 денари.

Производителите на леб и печива велат дека трошоците, особено за струјата или гасот, им се огромни. Со оглед на високите цени на енергенсите што се најавуваат за зимава, тие велат дека лебот може да биде и уште поскап. Од друга страна, се` уште има неизвесност и за идните берзанските цени на пченицата од новата реколта.

Во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 45 денари. Купувачите нервозно бираат леб кој ќе им одговара на цената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот