Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата - Слободен печат

Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

По благиот раст кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни,  во јули е евидентиран позначителен пад од 2,3 проценти, кој се должи на падот во кредитирањето на корпоративниот сектор во денари и во странска валута, соопшти денеска Народната банка.

На годишно ниво, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи пораст за 4,3 проценти. Доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и на спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во јуни бележат годишен раст од 6,6 проценти.

Вкупните кредити на домаќинствата оствариле месечно и годишно зголемување од 0,7 проценти, односно 9,4 проценти. Најголемо учество во месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и на спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јуни би изнесувал 10,1 процент.

Прочитајте и...  Во Мичурин почна да се гради нов парк

Како што информира НБРМ, по месечниот раст во јуни, вкупните кредити во јули годинава се намалиле за 0,8 проценти. Месечното намалување е одраз на поголемиот износ на извршени задолжителни отписи на сомнителните и на спорните побарувања во овој месец, под влијание на регулаторни промени. Од аспект на одделните сектори, месечниот пад се должи на намалените кредити на корпоративниот сектор, при благ раст на кредитирањето на секторот „домаќинства”.

Во јули годинава вкупните депозити продолжиле да растат и оствариле годишно зголемување од 10 проценти, во услови на раст на депозитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

Во јули 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор пораснале за 1,3 проценти на месечна основа, главно под влијание на растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари и во странска валута, а во услови на минимален раст кај долгорочните депозити во денари и пад на долгорочните депозити во странска валута. Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,1 процент и во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари.

Прочитајте и...  Андоновиќ: Вучиќ призна дека е пропуштена шансата за компромис со Приштина поради што Србија ќе ја плати цената

Прочитај повеќе

Ордановски: Доколку правосудството сака да испорача правда, тоа ќе го стори

Слободен печат

Напуштениот брод кој повеќе од една година низ Атлантикот пловеше без екипаж „уловен“ во Ирска

Слободен печат

Бектеши: ДУИ нема да формира коалиција со ниту еден субјект што ќе се обиде да го негира Преспанскиот договор

Слободен печат

Сандерс со убедливо водство кај демократите

Слободен печат

Путин го разреши својот советник Сурков, креаторот на „вертикална моќ“

Слободен печат

Трамп помилува седум лица, ја намали и затворската казна на Род Благоевиќ

Слободен печат

Остави Коментар

дваесет + седум =

Прочитај повеќе

Зеќири: Сега предметите и истрагите се живи, конечно ќе може да се постапува

Слободен печат

На Кинезите им е забранет влез во Русија до 20 февруари

Слободен печат

Светската здравствена организација ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Слободен печат

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Слободен печат

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Слободен печат

Трамп: Сè што е поврзано со оваа измамничка истрага на обвинителот Малер да се отфрли

Слободен печат