Во Јапонија се организираат курсеви на кои луѓето повторно учат да се смеат! Поради пандемијата интересот е голем

Фото: Пекселс/ rdne-stock-project

Откако пандемијата со корона-вирусот го зафати светот на почетокот на 2020 година, на луѓето ширум планетата им беше препорачано да носат маски за да се заштитат од непознатата болест. Сега, кога правилата за носење маски постепено се олеснети, земјата на изгрејсонцето се соочува со предизвикот повторно да ги открие насмевките, пишува „Путни кофер“.

Според пишувањата на локалните медиуми во Јапонија, многумина заборавиле како да се смеат и треба да вежбаат насмеани изрази на лицето. Ова е причината зошто сѐ поголем број компании и здруженија нудат курсеви за смеење за да им помогнат на луѓето да си ја вратат насмевката.

Јапонците повторно ја откриваат моќта на насмевката

Како што пандемијата ја зафати Јапонија, носењето маски стана рутина, а очите станаа главно средство за комуникација. Сето ова доведе до фактот сè поголем број Јапонци, вообичаено склони да ги следат инструкциите од државата и експертите, да се справуваат со предизвикот на губење на насмевката. Но, откако јапонските власти објавија во февруари 2023 година дека ја повлекуваат препораката за носење маски, интересот за курсевите што ги учат луѓето повторно да се смеат едноставно експлодира.

Локалните медиуми јавуваат дека многу Јапонци се обидуваат повторно да ја откријат уметноста на смеење. Тие станаа свесни колку е важно имаат експресии на лицето и да ги пренесуваат емоциите преку насмевка. Групните работилници и курсевите за смеа стануваат сè попопуларни, наплаќајќи околу 50 евра на час, а луѓето се решени да се вратат на нормално изразување на своите чувства без разлика на трошоците.

Фото: Пекселс/ maksim-goncharenok

Како се одвиваат курсевите по смеење?

На часовите за смеење, на учесниците им се дава мало, рачно огледало за да го проверат нивниот напредок и изразите на лицето. Преку интензивно набљудување откриваат различни аспекти на своето лице и ја прилагодуваат својата насмевка додека не бидат целосно задоволни од резултатот.

Една од учесниците го сподели своето искуство на социјалните мрежи: „Насмевките се клучни за комуникацијата“, истакна таа. „Она што го научив денес сакам да го применам на мојата работа и на други собири. Се надевам дека ова ќе придонесе за попозитивно деловно и приватно опкружување“.

Менаџерката на центар кој организира курсеви за смеење вели дека би сакала луѓето да поминуваат повеќе време со насмевка на лицето, не само за надворешно претставување, туку и за нивната физичка и ментална благосостојба.

„Насмевката не само што остава добар впечаток кај другите и ја олеснува комуникацијата, туку и прави да се чувствувате попозитивно“, објаснува таа. „Сакам луѓето да поминуваат време насмеани и свесни за нивната (физичка) и ментална благосостојба“.

Фото: Пекселс/rheza-aulia

Насмевката може да го продолжи животот

Насмевката е моќен израз на лицето што ги прави другите посреќни и носи бројни придобивки за физичка и емоционална благосостојба. Според „Делавер психолошки услуги“ (Delaware Psychological Services), насмевката има повеќе позитивни ефекти врз нашето тело отколку што може да очекувате. Изненадувачката придобивка од насмевката е поврзана со подолг животен век. Имено, една студија спроведена во 2010 година откри дека искрената, интензивна насмевка може да биде клучот за продолжување на животот дури и за неколку години.

Почестото смеење има корисен ефект врз нашето расположение бидејќи предизвикува ослободување на ендорфин, познат како хормон на среќата, кој поттикнува позитивни чувства и радост. Но, насмевката не само што го подобрува нашето расположение: исто така има позитивно влијание врз нашето физичко здравје. Неколку студии покажаа дека насмевката може да го намали крвниот притисок. Овој ефект произлегува од фактот дека кога насмевката го стимулира ослободувањето на ендорфин за да се спротивстави на негативните ефекти на хормоните на стресот, телото станува поопуштено, што резултира со намален крвен притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот