Во Италија е запрен воз со 815 тони ѓубре кој патувал за Бугарија (ВИДЕО)

Карабинерите на Милано запреле нелегален товар од 815 тони ѓубре кој требал да биде пренесен во Бугарија, објави „Кориере дела Сера“.

Станува збор на 582 бали отпад, натоварени во 17 вагони. Нивната пазарна вредност изнесува околу 130.000 евра. Возот бил пресретнат на станицата Леко, во близина на Милано, од каде требало да замине Бугарија. Вагоните првенствено биле преполни со отпад од веќе третирани пластични производи.

Во пракса, овие се крајни производи од активности за третман на пластика, а не, како што е наведено во документите, пластичен отпад што допрва треба да се третира. Отпадот требало да стигне до Бугарија преку Словенија и Хрватска, а во документацијата стоело дека се работи за материјали што треба да се третираат.

Прочитајте и...  Регистрирани 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот за еден ден

Според Карабинерите на единицата за животна средина под раководство на потполковник Масимилијано Корсано, сето ова било направено да се заобиколат нормите и незаконски да се топи отпадот во Бугарија. Практично немало ништо друго да се третира меѓу балите. Истрагата е покрената по пријавата од Царинската управа во Леко. Така започна увидот на вагоните кои биле подготвени да заминуват, по што бил распишан налог за претрес од судија од Милано.

Истрагата треба да утврди кој ја организирал пратката, за кого била наменета и особено потеклото на пластичниот отпад.

Првите претпоставки се дека отпадот е од компании од Централна и Северна Италија.

Анализирана е и документацијата. Меѓу балите се пронајдени материјали од пластика, гума, ткаенини, тетрапак, мешано ѓубре и друго.

Прочитајте и...  Евакуација на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит

Според истражителите, како и во други случаи, најверојатно е дека нелегалните пратки со нелегален третман се испраќаат во странство од нелегални организации. Се сомнева дека откако тие би пристигнале во Бугарија, отпадот најверојатно требало да се складираат во депониите без да се придржуваат кон стандардите за животната средина.

Прочитај повеќе

Мурали на новиот скејт парк во Крива Паланка

Слободен печат

Ердоган ја затвори славината и демонстрира моќ: Во време на големи горештини на милиони луѓе им се заканува жед и глад

Слободен печат

Падот на БДП на Србија е типичен за сиромашните земји

Слободен печат

Поранешниот шпански крал ја напушта земјата поради финансиски скандал: Ќе живеам во друга земја

Слободен печат

Постојат пет варијанти: Откриено како ЕУ планира да ги набави милијардите кои им ги вети на членките како помош против епидемијата

Слободен печат

Внуката на Трамп во книга разоткрива што тој има против Меркел: Тоа го излудува

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Страшно невреме во Хрватска: Паѓаше град со големина на орев, ветерот корнеше покриви (ВИДЕО)

Слободен печат

Прекината привремено потрагата по детето кое исчезна во водите на Преспанско Езеро, продолжува утре

МИА Агенција

Германците важат за разумни, но зошто тогаш масовно протестираа против маските и мерките? (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Џенова две години по трагедијата во која загинаа 43 лица отворен нов мост (ВИДЕО)

Слободен печат

И шефот на кабинетот на Болсонаро позитивен на Ковид-19

Слободен печат

Во БиХ се удави синот на осуден терорист, стрикото во обид да го спаси – настрадал

Слободен печат