Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК, продолжува сослушувањето на сведоците

Фото: EPA-EFE/Koen van Weel/Pool

Во Специјализираните совети на Косово во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува RTK Live.
Процесот против нив ќе продолжи со сослушување на сведоци од Специјализираното обвинителство.

Во тој процес досега се сослушани четворица сведоци на обвинителството, кои сведочеа под заштитни мерки, на седници речиси целосно затворени за јавноста.

За месец мај се планирани десет седници.

Судењето на водачите на ОВК започна на 3 април 2023 година, со воведните изјави на обвинителството и претставниците на жртвите, а потоа и тимовите на одбраната на 4 и 5 април 2023 година.

Во постапката учествуваат сто и четириесет жртви.

Во овој случај се опфатени четворица поранешни високи функционери на ОВК: Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Во обвинението се наведува дека делата за кои се товарат се извршени во периодот од март 1998 година до септември 1999 година најдоцна на повеќе места во Косово, како и во северна Албанија.

За време на повторното појавување во судот на 10 мај 2022 година, сите четворица обвинети се изјаснија дека не се виновни за новите обвиненија во изменетиот обвинителен акт. Списите на предметот беа проследени до судечкиот совет на 15 декември 2022 година. Конференцијата за подготовка на судењето се одржа на 18 јануари, а подготвителната конференција на специјализираниот обвинител на 15 февруари 2023 година.

Хасим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи беа обвинети за шест кривични дела против човештвото: прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства, присилно исчезнување на лица.

Тие се обвинети и за воени злосторства, незаконско или самоволно апсење и лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот