Во Грција ќе се вакцинираат само една доза оние кои прележале Ковид-19

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Во Грција, со првата доза вакцинирано е 31 отсто од населението, а 17,2 проценти се целосно имунизирани.

Лицата кои прележале Ковид-19, во Грција ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината и тоа во период од шест до 12 месеци по заразувањето, соопшти попладнево претседателка на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на процесот на имунизација во земјата, гнералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, рече дека денеска надминале пет милиони вакцинации од кои над три милиони се однесуваат на првата, а останатите на втората доза.

Во Грција, со првата доза вакцинирано е 31 отсто од населението, а 17,2 проценти се целосно имунизирани.

Најголем дел од вакцинираните во Грција се со вакцината на Фајзер (2.100.000), потоа следат со вакцината на Астра Зенека (740.000 граѓани), со Модерна (307.000) и над 80.000  лица со Џонсон и Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот