Во градинка во Радишани негувателка тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

Фото: Општина Ѓорче Петров

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка поради сомнение за психичко и физичко насилство врз тригодишно дете.

„Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка“, информираат од Јавно обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кон осомниченото лице: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана за посетување на детската градинка и сите објекти кои се дел од истата детска градинка, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување на контакти или врски со со оштетеното дете, со неговите родители и со сведоците, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно оддалечување од работното место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот