Фото: Архива на СП

Во Црна Гора се наоѓаат станови на море поевтини од некои во центарот на Скопје

Просечната цена на квадратен метар станбен простор во нова зграда во Црна Гора достигна 2.228 евра во третиот квартал од 2025 година, според најновите податоци на државната статистичка агенција Монстат. Очекувано, најскапи се становите на морскиот брег, додека во северниот дел на Црна Гора цената за квадрат е под 1.600 евра.

Податоците се однесуваат исклучиво на станови што се продадени за првпат, односно за кои првпат е склучен договор за продажба, додека пресметката не ги вклучува становите од постар фонд, деловниот простор или земјиштето.

ВКога се разгледуваат само становите што ги продаваат комерцијалните компании, односно становите по пазарни цени, просекот е идентичен со вкупниот просек од 2.228 евра по квадратен метар.

Оваа цена е пониска од онаа постигната за стан во центарот на Скопје, кој годинава се продаде по над 2.700 евра по квадрат – 96 квадратни метри за 260 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот