Внимавајте на внесената количина на кокосово масло во текот на денот

Фото: Профимедиа

Кокосовото масло како додаток во исхраната, е добро за кожата, го намалува нивото на шеќер во крвта и значително придонесува за здравјето. Тоа е богато со витамин Е, антиоксиданти и полифеноли, кои помагаат во регулирањето на хормоните и така, донекаде спречува зголемување на телесната тежина.

Сепак, не секое кокосово масло е исто. Најдобро е тоа што не содржи многу заситени масти бидејќи тие доведуваат до зголемување на нивото на холестерол и се одговорни за зголемување на тежината.

Истражувањата покажаа дека кокосовото масло го забрзува разградувањето на масните киселини, а тоа го забрзува метаболизмот и доведува до поголема енергија. Затоа, тоа е главна состојка во исхраната на спортистите.

Фото: Профимедиа

Може да се користи на различни начини. Може да се подготви со зеленчукова салата или со кари. Но, не додавајте многу – само една до две лажици. Исто така, може да се додаде капка во чај или кафе.

Кокосовото масло е добро за здравјето, но тоа не значи дека може да го консумирате онолку колку што сакате. Околу 11 отсто од ова масло го чинат заситени масти. Тоа значи дека е доволно да се земат две лажици на ден, што е еднакво на 30 милилитри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот