ВМРО-ДПМНЕ прва бараше вонредна состојба, сега негира дека постоела

Жени со заштитна маски на плоштад „Македонија“ во Скопје ковид-19 коронавирус
Жени со заштитни маски на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ако така продолжат не им гине позицијата во која ВМРО ДПМНЕ наскоро ќе се признава само самата себе си!

„Поради итноста и алармантноста на состојбите на терен, но и неопходноста да се помогне на граѓаните, апелирам до претседателот Пендаровски да прогласи според Уставот вонредна состојба во Македонија, час поскоро“, рече Мицкоски на 18 март.

Само половина година подоцна, ВМРО-ДПМНЕ не дава подршка за дво- третинско легитимирање на тие одлуки на претседателот во Парлементот.

Со тоа тие не само што правно не ја признаваат вонредната состојба, туку и де факто ја негираат дека воопшто постоела! Онаа вонредна состојба што претседателот на државата ја прогласуваше повеќе (пет) пати на предлог на Владата, во услови кога Собранието беше „out of order“, односно не работеше поради договорените изборик. Не ја признаваат вонредната состојба за која сите партии со консензус се изјаснија кај Пендаровски, а Христијан Мицковски меѓу првите изричито ја побарал. Онаа истата во која беше воведен полициски час, кога чекавме во редици за влез во продавница, кога седевме дома во карантин. Тоа за ВМРО ДПМНЕ како да не се ни случило!

Истата не ја признаваат, затоа што наводно здравствената криза сега била полоша, економските мерки биле без ефект, и затоа што како што велат техничката влада ја злоупотребила ситуацијата за да носи уредби со законска сила кои не биле неопходни.

Ваквиот став е нелогичен. Едно со друго, не оди.
Прашањето е, дали како свесна политичка сила ја прифаќаат реалноста дека во тој временски период, во таа институционална и политичка ситуација, се случил некаков непредвидлив, страничен „потрес“, кој не само нашата држава, туку и целиот свет го изместил од колосек. А тоа е пандемијата со корона вирусот. Дали оваа власт се справила или не со болеста и со последиците од неа на начин на кој ВМРО ДПМНЕ посакува, е само субјективна политичка оценка која може, а не мора да биде точна, но за која може јавно да се расправа, или пак да се докаже на избори. Но никако не може да се негира стварноста во која и тие самите учествувале.

Што се однесува, пак, до сомнежите за било каква злоуптреба на вонредната состојба од страна власта во тој период, тие се легитимни и тие можела опозициската партија да ги отвори пред соодветните институции.

Сега е време на трезвен однос кон неодамна изминатиот период кога (дефакто) донесените одлуки треба да се валоризираат (де јуре) по институционален пат.

Но, на крајот на краиштата нивното неизгласување не менува ништо во пракса, затоа што според експертите, уредбите донесени во вонредна состојба имаат сила на закон и тие остануваат на сила. За да бидат укинати пратениците мора да донесат закон со кој тие ќе бидат укинати.

Но ставот на ВМРО ДПМНЕ го потврдува нивниот однос дека се што се случило, се случува и ќе се случува во државата, а ако тие не учествувале во тоа како власт, или како субјект чиј став не бил целосно респектиран ВМРО ДПМНЕ- не го признава!

Се чини бесцелно да се набројува се она што оваа партија не „признава“, но незаобиколно е да не се потсети дека не само вонредната состојба, туку дека партијата не ја признава ниту (сопствената) држава, ниту институциите во неа. Не го признава новото име на државата, а со тоа ниту Уставот. Не го признава Судот, не го почитува Обвинитеслтвото, не му верува на здравствениот систем, се сомнева во Армијата, ја мрази полицијата, не можеда го смисли Заев, не го признава поразот на изборите, а ниту самите избори. Нема да зачуди ако не ја признаат ниту пандемијата како „природна“ болест, туку како светски заговор против човештвото, како зрачење на новата 5 г технологија.

Ако така продолжат не им гине позицијата во која ВМРО ДПМНЕ наскоро ќе се признава само самата себе си!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот