Влатко Стефановски трио во „Интермецо мјузик бар“: Уште еден во низата успешни концертни настани

Влатко Стефановски/ Фото: Архива на Слободен печат

Во среда, 17.11.2021, неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците.

Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место.

Ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од ковид-19.

Настапот на мегапопуларното Влатко Стефановски Трио ќе се оддржи во Intermezzo Music Bar.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот