Влатко Костов ја напушти тренерската клупа на Тиквеш

Влатко Костов не е повеќе тренер на ГФК Тиквеш 1930/фото: facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Уште еден отказ во Првата македонска фудбалска лига, Влатко Костов одлучи да се раздели со ГФК Тиквеш 1930.

Костов со клубот од Кавадарци од стартот на новата сезона во ПМФЛ по пет одиграни кола запиша една победа, едни реми и три порази претрпени во последните три лигашки натпревари.

Последниот меч на Костов како тренер на Тиквеш беше пред два дена кога неговите играчи загубија на гостувањето кај Силекс со 3:2, по што следуваше поднесената оставка.

Управата на клубот ја прифати оставката и сега е во потрага по нов главен тренер, а до назначување на нов шеф на стручниот штаб, екипата ќе биде предводена од досегашните асистенти Мојсов, Орешков и Митрев.

Ова е веќе четврти отказ во нашиот шампионат за шест дена, во изминатиот период Гоце Седлоски го напушти актуелниот шампион, потоа Ѓорѓе Стојчев се раздели со Академија Пандев, додека Артим Шаќири не е повеќе тренер на Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот