Шаќири ја напушти Шкендија, три откази за пет дена во македонскиот прволигашки фудбал

Артим Шаќири не е повеќе тренер на ФК Шкендија/Фото: kfshkendija.com

На последниот лигашки натревар на клупата на тетовските „црвено-црни“, Артим Шаќири во неделата ремизираше на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров (1:1).

Денеска од фудбалскиот клуб на Шкендија информираат дека е прекината соработката со шефот на стручниот штаб.

– Соработката со тренерот Шаќири е прекината со меѓусебен договор, сметајќи дека во овој момент е во најдобар интерес на двете страни. Во оваа прилика ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за неговиот придонес во периодот додека го водеше „црвено-црниот“ тим и му посакуваме здравје и многу успеси во иднина – стои во соопштението на тетовскиот прволигаш.

Во новата сезона од Првата лига Шкендија во првите шест кола освои 11 бодови, колку и второпласираниот Силекс, а седум помалку зад водечката Струга. Во следното коло на 17 септември Шкендија е домаќин на актуелниот шампион Шкупи.

Шаќири летово ја водеше Шкендија и на меѓународната сцена каде помина две кола во квалификациите на Лигата на конференции, а во третото доживеа несреќна елиминација во пенал серијата против шведскиот АИК.

Ова е веќе трет отказ во македонскиот прволигашки фудбал и тоа за една неполна седмица. Вчера Ѓорѓе Стојчев ја напушти Академија Пандев, а пред пет дена Шкупи ја прифати оставката на Гоце Седлоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот