Влатко Костов е новиот тренер на прволигашот Тиквеш

Тиквеш и Скопје ја продолжуваат битката за опстанок во 1МФЛ/Фото: fkrabotnicki.com

Фудбалскиот клуб Тиквеш не ја започна најдобро сезоната во Првата македонска лига, после шест кола е на 11 позиција со два бода.

Најновите информации велат дека Влатко Костов е новиот тренер на ФК Тиквеш, тоа го потврдија и верните „Лозари Исток Кавадарци“ на социјалните мрежи.

– И мала промена може да направи голем успех! Добредојде во Тиквеш, Влатко Костов. НАПРЕД ТИКВЕШ ЧЕСНО И ПОШТЕНО! – објавија „Лозари Исток Кавадарци“.

56-годишниот Костов досега беше тренер на многу клубови: Осогово, Саса, Куманово, Брегалница Штип, Велазерими, Ренова, Турново, Работнички и Ал-Раед од Саудиска Арабија.

Следниот лигашки натпревар екипата од Кавадарци ќе го има в недела од 15.00 часот на гостувањето кај штипска Брегалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот