Владите ширум светот издвоија 123 милијарди долари за помош на авиокомпаниите

ИАТА проценува дека вкупниот долг на авиокомпаниите ќе достигне 550 милијарди американски долари до крајот на годината. На крајот на 2019 година, тој изнесуваше 430 милијарди долари.

Меѓународно здружение за воздушен превоз (ИАТА) соопшти дека за авиокомпаниите погодени од пандемијата на коронавирус владите ширум светот досега издвоија парична помош во висина од 123 милијарди американски долари.

Според пресметките на здружението речиси половина од овие средства, или 45 проценти, се наменети за субвенции за исплата на плати, инвестиции во основен капитал и даночни олеснувања, а останатите 55 проценти се државни заеми што компаниите ќе треба да ги вратат.

Владите мора да бидат свесни дека зголемениот долг ќе има свои последици, рече директорот на ИАТА, Александар де Жуњак.

– Тоа значи дека закрепнувањето ќе биде многу подолго и потешко, објасни тој.

ИАТА проценува дека вкупниот долг на авиокомпаниите ќе достигне 550 милијарди американски долари до крајот на годината. На крајот на 2019 година, тој изнесуваше 430 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот