Владата на Република Српска ги „сече“ трговските маржи
Владата на Република Српска ги ограничи трговските маржи на дел од производите од потрошувачката кошничка, лековите, како и на нафтата и нафтените деривати, со цел да се ублажи растот на цените поради глобалните нарушувања на пазарот на енергенси, пренесе Индекс.
Препорачано
Министерот за трговија и туризам на Република Српска, Нед Пуховац, по седницата на Владата изјави дека се очекува поевтинување на основните прехранбени производи, но не можеше да процени во кој износ, бидејќи тоа ќе зависи од набавните цени на трговците.
Највисоката маржа за основните прехранбени производи е ограничена на шест проценти во големопродажба и на осум проценти во малопродажба, додека за лековите таа изнесува осум проценти во големопродажба и 20 проценти во малопродажба. Мерката се однесува на производи како сол, свинска маст, сончогледово масло, млеко, јогурт, пченично брашно и леб, шеќер, храна за доенчиња, пелени, како и детергенти за садови и за перење алишта.
Министерот најави дека инспекциските служби ќе спроведуваат секојдневен надзор. Одлуката ќе важи од 1 јуни.
Владата на Република Српска го потврди и ограничувањето на маржата на цените на горивата на 0,03 евра по литар во големопродажба и на 0,13 евра по литар во малопродажба.
Македонски фејсбук-профил ја тресе Словенија — „Маските паѓаат“ објавува бомби за власта


