Владата на Колумбија започна преговори со герилската отцепена група

Луѓе маршираат во Колумбија/ Фото EPA-EFE/Luis Eduardo Noriega A

Колумбиската влада и отцепената група на поранешната герилска организација ФАРК, ЕМЦ, почнаа мировни преговори, пренесе ДПА.

Преговарачите од владата и Централниот генералштаб (Estado Mayor Central (EMC) се состанаа вчера во општината Тибу во близина на границата со Венецуела за да ги започнат разговорите, соопшти колумбиската висока комисија за мир.

Преговорите ги набљудуваат Обединетите нации, Организацијата на американските држави, Католичката црква, Европската унија, Норвешка, Швајцарија, Ирска и Венецуела.

Во заедничкото соопштение се вели дека офанзивните операции ќе престанат од денеска, но дека декретот за прекин на огнот нема да стапи во сила до 16 октомври. Не беа дадени детали за времетраењето на прекинот на огнот.

Колумбија беше во 52-годишна граѓанска војна што се водеше меѓу левичарските бунтовници, десничарските паравоени сили и војската на земјата во која загинаа 220.000 луѓе, а милиони беа раселени.

Најголемата бунтовничка организација ФАРК потпиша мировен договор со владата во 2016 година и го положи оружјето.

ЕМС го отфрли договорот и се одвои од ФАРК. Денес, првенствено се занимава со трговија со дрога, нелегално ископување и рекет.

Безбедносната ситуација во Колумбија се подобри по договорот од 2016 година, но делови од земјата остануваат под контрола на други бунтовнички групи или криминални организации.

Во тек се и мировни преговори со левичарската герилска група ЕЛН. Колумбискиот претседател Густаво Петро повика и други криминални групи, бунтовници и паравојски да влезат во преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот