Владата ќе ја укине царината за средства за дезинфекција и медицинска опрема

Во рамки на ЦЕФТА, Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договараат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките.

На предлог на Министерството за економија и на Царинската управа се очекува Владата да донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина ќе бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема, најави денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Во рамки на ЦЕФТА, Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договараат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките.

Според Танасоски, и во услови на полицискиот час, движењето на стоки продолжува непречено да се спроведува. Со тоа и присуството на Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е предвидено вакво работно време, а на останатите царински испостави во рамки на работно време.

Во случај на контрола од страна на припадниците на МВР за правилна примена на ова ослободување за сите нејаснотии ќе го контактира дежурниот оперативен центар на Царинска управа на 197.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот