Вкусот на Италија — рецепт за јајца и пикантен доматен сос
„Јајца во чистилиште“ (uova in purgatorio) е традиционално јадење од јужна Италија, подготвено од јајца и пикантен доматен сос со интензивна црвена боја. Името го добило поради сосот што потсетува на пламените од чистилиштето, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Ова јадење е дел од т.н. сиромашна кујна, која се развила од потребата со едноставни и достапни намирници да се подготват вкусни и заситувачки оброци.
Состојки
- 500 г пелати (лупени домати)
- 8 јајца
- 1/2 главица кромид
- 1 чешне лук
- свежи зачини (босилек, мајчина душица, мајоран)
- екстра девствено маслиново масло
- сол
- бибер
Подготовка
На малку маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид, лук и свежи зачини околу 2 минути. Додадете ги сечканите пелати и варете на тивок оган околу 10 минути, додека сосот не се згусне. Посолете и забиберете.
Во сосот направете вдлабнатини и внимателно скршете ги јајцата. Поклопете и гответе на тивок оган околу 10 минути, додека белките не се стегнат, а жолчките да останат меки.
Послужете веднаш, по желба со свеж босилек и рендан кашкавал. Не заборавајте крцкав леб за потопување во сосот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
51мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


