Фото: Приватна архива

Вкусни приказни со Кристина Колевски: Рецепт за супа со ќофтенца и просо

Во време кога сите брзаме и често готвиме „набрзина“, убаво е да се потсетиме дека подготовката на храната може да биде и вистинско уживање.

Токму така готви и Кристина Колевски од Битола – со вистински мерак и љубов кон целиот процес. Преку својот инстаграм-профил @solenoblagiprikazni, таа веќе подолго време ги инспирира луѓето да влезат во кујна, да си дадат време и да зготват нешто вкусно.

Денеска таа ни го претставува својот рецепт за супа со ќофтенца и просо.

Фото: Приватна архива

Состојки за ќофтенца

  • 300 гр мелено месо
  • 1/2 главица кромид (рендан)
  • 1 јајце
  • зачини: сол, црн бибер, мешан сув зеленчук, сув босилек

Сите состојки убаво измесете ги и формирајте мали ќофтенца.

Состојки за супа

  • 2-3 компири
  • 3 моркови
  • 1 парче пашканат
  • 1/2 главица целер
  • 1 говедска коцка за супа
  • 1 мало филџанче (кафено) просо
  • околу 2л. вода
  • зачини: сол,црн бибер, мешан сув зеленчук
  • магдонос

Во длабоко тенџере на оган, ставете малку масло и запржете ги ќофтенцата. Потоа додадете ги морковите, компирите, пашканатот и целерот ( претходно изрендани), кратко запржете и ставете ја водата, коцката за супа и зачинете. Оставете да се вари супата. Дваесетина минути пред крајот додадете го и просото. На крајот додадете магдонос. Готовата супа сервирајте ја во чинија, додадете сок од цеден лимон и уживајте.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот