Фото: Приватна архива

Вкусни приказни со Кристина Колевски: Рецепт за американска пита со јаболка

Во време кога сите брзаме и често готвиме „набрзина“, убаво е да се потсетиме дека подготовката на храната може да биде и вистинско уживање.

Токму така готви и Кристина Колевски од Битола – со вистински мерак и љубов кон целиот процес. Преку својот инстаграм-профил @solenoblagiprikazni, таа веќе подолго време ги инспирира луѓето да влезат во кујна, да си дадат време и да зготват нешто вкусно.

Денеска таа ни го претставува својот рецепт за американска пита со јаболка.

Американска пита со јаболка / Фото: Приватна архива

Состојки за тесто:

  • 300 г брашно
  • 225 г маргарин, исечкан на коцки
  • 100 мл ладна вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол

Во длабок сад измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Потоа додајте го исечканиот маргарин, замесете и постепено додавајте ја ладната вода (тестото не треба долго да се меси). Откако ќе го замесите, завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 1 час. За тоа време подгответе го филот.

Фил:

  • 5–6 јаболка
  • 1 шолја шеќер
  • 1 пудинг со вкус на ванила
  • 1 лажиче сок од лимон
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • цимет по вкус
  • Друго: маргарин, јајце, кристал шеќер

Јаболката се лупат и се чистат од семките, па се рендаат. Откако ќе ги изрендате, додајте ги останатите состојки и убаво промешајте.

По 1 час, извадете го тестото од фрижидер и поделете го на два дела – поголем и помал. Од поголемиот дел развлечете кора неколку сантиметри поголема од калапот во кој ќе печете. Намачкајте го калапот со маргарин и внимателно префрлете ја кората. Со вилушка направете дупчиња и ставете го филот. Врз филот ставете неколку парчиња маргарин.

Тестото што излегува од калапот исечете го и соединете го со другиот дел од тестото, па развлечете кора и исечете кругчиња (можете да користите калапче за колачи, тапа од шише или мала чаша за ракија). Нежно распоредете ги врз питата.

Премачкајте со претходно изматено јајце и посипете со кристал шеќер. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 170°C и печете уште 30 минути. Откако ќе се испече, оставете ја питата убаво да се излади, па потоа сечете.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот