Јаткасти плодови / Фото: Pexels

Вклучете го во исхраната: Селенот влијае врз правилното функционирање на мозокот, имунитетот и плодноста

Селенот е есенцијален минерал во трагови кој е исклучително важен за здравјето. Иако на телото му се потребни релативно мали количества, тој е неопходен за бројни физиолошки процеси: влијае врз правилното функционирање на мозокот и когнитивните способности, на здравиот имунолошки систем, како и на плодноста кај мажите и жените. Учествува во превенција на кардиоваскуларни заболувања, придонесува за метаболизмот на тироидните хормони и синтезата на ДНК, а помага и во заштита од оксидативни оштетувања и инфекции, пишува „Живим“.

Ниските нивоа на селен во крвта се поврзуваат со различни воспалителни состојби, вклучувајќи и проблеми со цревата. Бразилските ореви се најбогатиот природен извор на селен. Студија објавена во списанието „Журнал оф нутришн“ сугерира дека консумирање само осум грама бразилски ореви дневно може да го подобри здравјето на цревата и да ја намали воспаленоста во организмот.

Доволно е да се изедат еден до два ореви дневно за да се постигне потребниот внес на селен. Во истражувањето, групата која осум недели редовно консумирала бразилски ореви имала значително зголемен селен во крвта во споредба со контролната група која не ги јадела. Кај таа група е забележано и намалување на повеќе воспалителни маркери, меѓу кои Ц-реактивен протеин, фактор на некроза на тумор, интерлеукин-1β и интерлеукин-8, што укажува на подобрување на воспалителната состојба.

Авторите на студијата истакнуваат дека селенот делува како моќен антиоксиданс кој го намалува оксидативниот стрес и прупалните цитокини, со што ја намалува и пропустливоста на цревната бариера. Дополнително, растителните влакна и повеќекратно незаситените масти од оревите имаат противвоспалително дејство и го штитат здравјето на цревата во синергија со селенот.

Бразилскиот орев содржи и низа други минерали – цинк, магнезиум, фосфор, бакар и железо – што дополнително ја зголемува неговата нутритивна вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот