„Визер” со четири нови дестинации од Скопје и Охрид

Фото: Архива на СП

Нови четири авио-дестинации се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Скопје и Охрид, а кои ќе бидат оперирани од нискобуџетната компанија „Визер”.

Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации на 1 август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер” во Скопје.

„Визер” од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот