Витаминска пилешка чорба со бамји: Ја крепи душата и телото! (РЕЦЕПТ)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Подгответе ја за вас и вашето семејство, ќе бидете воодушевени…

Потребно ви е: 500 гр пилешко месо, 4-5 бамји, 2 моркови, 1 помала главица кромид, 1 помал целер, карфиол и брокула, 1 жолчка, 1 поголема лажица павлака, сол, бибер, масло, магдонос.

Подготовка: Половина од морковот изрендајте го и ставете го во подлабок сад на оган со масло, кога ќе се запржи додадете го и сецканиот морков, месото и коренот од целер. Налијте со вода. Бамјата ставете ја во друг сад на оган, сипете 1/2 литар вода и 1 лажица оцет и варете ја 10-15 минути. Исцедете ја малку и измијте ја под ладна вода. Одложете ја на страна.

На половина варење на чорбата додадете ги карфиолот, кромидот и брокулата. Пред самиот крај додадете ги и бамјите. Посолете и забиберете. Во помала чинија изматете 1 жолчка и додадете и ја павлака, па убаво измешајте. Додадете ја смесата во супата полека со постојано мешање. Оставете да зоврие. Додадете го и магдоносот, тргнете го садот од оган, покријте го и чорбата е готова.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот