Овошје / Фото: Pexels

Витаминот Б го чува нервниот систем и го подобрува расположението: Во овие овошја го има најмногу, внесете ги во дневното мени

Витаминот Б е еден од најважните нутриенти потребни за оптимално функционирање на организмот. Тој овозможува создавање на соодветни нивоа на крвни клетки, доволно енергија, но и превенција од проблеми како вртоглавица, нарушувања на нервниот или кардиоваскуларниот систем, пишува „Е-клиника“.

Зошто се важни витамините од Б-комплексот?

Нивните главни придобивки се:

  • го зајакнуваат нервниот систем
  • ги подобруваат менталните способности
  • обезбедуваат повеќе енергија
  • го намалуваат заморот.

Многу видови овошје обезбедуваат значајни количини витамин Б. Особено за оние кои имаат негов недостаток, важно е да знаат во кои намирници го има најмногу. Најбогати со овој витамин се:

Портокал

Познат е пред сè по високата содржина на витамин Ц, но е богат и со витамини од Б-комплексот – витамин Б9 (фолна киселина), Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин) и Б3 (ниацин). Содржи и витамин А, калиум и растителни влакна.

Банана

Едно од најпознатите овошја богати со витамин Б. Содржи околу 31% витамин Б6 (пиридоксин), а е и добар извор на калиум и влакна.

Киви

Содржи сите осум видови на витамин Б, а особено е богато со Б7 (биотин) и Б3 (ниацин). Покрај тоа, одличен е извор на витамин Ц, витамин А, витамин Е, калиум, калциум и фосфор.

Калинка

Иако поретко се наоѓа на трпезите, таа е исклучително здрава и помага во одржувањето на адекватно ниво на витамин Б. Богата е и со витамин Ц и калиум.

Друго овошје со витамин Б

Иако во помали количини, и следните овошја придонесуваат за внес на витамин Б:

Папаја – содржи витамини Б1, Б2 и Б3, корисна за здравјето на нервниот систем, богата со железо, калиум и калциум. Помага во намалување на крвниот притисок, го олеснува варењето и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Маракуја – особено богата со витамини Б2 и Б3. Го подобрува здравјето на кожата, го зајакнува имунитетот и придонесува за подобар вид.

Авокадо – сè попопуларно во модерната кујна, богато со витамини од Б-комплексот, како и со витамини А, Ц и Е, па претставува силен антиоксиданс.

Боровниците, јагодите, кајсиите и нектарините исто така можат да се вклучат во исхраната за превенција од недостаток на витамин Б. Во случаи на сериозен недостаток, истиот може да се надомести со суплементи, но секогаш по лабораториски анализи и совет од лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот