Вистина или мит? Жените тврдат дека овој тип маж е најдобар во сексот
Женското сексуално задоволство е сè уште обвиткано во мистерија, односно сè уште е табу тема. Можеби токму ова е причината зошто околу 40 отсто од жените не доживуваат оргазам во текот на сексот.
Препорачано
Истражувањата потврдија дека ние сме подеднакво виновни за оваа статистика. Жените поради „кочница“ во главата и очекувањето дека мажите им ги читаат мислите, а мажите поради лошата комуникација и недостатокот на труд и мотивација.
И покрај тоа, мажите како добар секс го истакнуваат оној во кој партнерката е задоволена, а новото истражување покажало дека постои тип на маж кој жените го истакнуваат како најдобар во кревет.
Зошто жените сакаат „лоши момчиња“?
Научниците го нарекуваат овој тип на маж хипермажествен. Значи, тие се „повеќе мажи“ само затоа што имаат став, „гард“ и веројатно многу лоши навики и уште повеќе сексуални партнери. Не можат да приврзат за жената, нарцисоидни се и љубовта и сексот никогаш не ги ставаат во иста реченица.
Лошите момци се скоро секогаш победници во психолошките игри што ги играме според нивните правила. Нивната мотивација е многу поголема да и покажат на жената дека се многу добри љубовници отколку да и пружат интимно задоволство.
Меѓутоа, една друга наука игра многу поголема улога во оваа приказна, а тоа е биологијата.
Сосема е природно жените да ги привлекуваат лошите момчиња – затоа што ослободуваат повеќе тестостерон, што доведува до смелост и поизразена сексуалност. Тој тип на маж е бунтовен и емотивно недостапен, а жените мислат дека најмногу ги привлекува, додека не ја почувствуваат горчината на скршеното срце, вели Медлин А. Фугер, професорка по психологија на Државниот универзитет во Конектикат.
Жените го поврзуваат сексот со емоции, па најмногу ќе уживаат со маж со кој ќе се чувствуваат ценети. Една неодамнешна студија вели дека жените сè уште ги оценуваат добрите момчиња како подобри љубовници.
Зошто „добрите момчиња“ се подобри за женското задоволство?
Терминот „добри момчиња“ се однесува на мажи за кои љубовта и сексот навистина одат во иста реченица. Тие немаат многу сексуално искуство и никогаш не ги објективизираат жените. Иако не зрачат со тестостерон и бунтовност, жените сакаат да поминуваат време со нив, а по сексот се чувствуваат многу посреќни и позадоволни.
Исто така, мажите кои немаат големо искуство во креветот се повеќе фокусирани на женското задоволство и се трудат повеќе. Мажите имаат тенденција да го преувеличуваат бројот на партнерки со кои спиеле, а истражувањата покажаа дека жените сè уште ја сметаат искреноста за посекси квалитет.


