Вињалес најбрз на квалификациите во Мизано

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес на денешните квалификации покажа дека патеката „Мизано“ им лежи на моторите на Јамаха. Шпанецот дојде до втората пол позиција сезонава со време од 1:32.265 минути што беше за нешто помалку од три десетинки побрзо од изненадувањето на овие квалификации, Пол Еспаргаро кој вози за КТМ.

Еспаргаро за прв пат во Мото ГП класата ќе стартува од првиот стартен ред откако е дел од КТМ, а на него и на Вињалес во првиот ред, ќе им се придружи уште и одличниот дебитант Фабио Квартараро од Петронас Јамаха.

Квалификациите во Мизано ги одбележа и инцидентот помеѓу миленикот на домашната публика, Валентино Роси и лидерот во генералниот пласман Марк Маркез.

Тие двајца возеа еден зад друг во квалификациите и во еден момент Маркез излезе од патеката и тоа го чинеше мал контакт со Роси по што и двајцата ги загубија шансите за подобар пласман во квлаификациите. Маркез на утрешната трка ќе стартува од петтото место, додека Роси е седми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот