Вињалес ја освои Малезија, Маркес рекордер во „кралската“ класа! (ФОТО)

фото: мото гп

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес триумфираше на Големата награда на Малезија, претпоследна трка оваа година во „кралската“ класа.

Најблиску до Вињалес беше Марк Маркес на Репсол Хонда, и тоа после стартот од 11. позиција, а на подиумот им се придружи членот на Дукати, Андреа Довициозо.

Младиот Шпанец Вињалес на патеката „Сепанг“ ја запиша втората победа оваа сезона, а 23 во својата кариера.

Маркес (кој пред неколку седмици ја обезбеди шампионската титула) моментно има 395 бодови, а со најновите 20 оствари нов рекорд по бројот на освоени бодови во една сезона. Претходно рекордер беше Хорхе Лоренцо кој во 2010 година запиша 383 бодови.

Во генералниот пласман Довициозо е втор со 256, а Вињалес трет со 201. Возачот на Јамаха сеуште не ја обезбедил третата позиција на крајот од сезоната, бидејќи Ринс има само седум бодови помалку од него.

Мото ГП шампионатот годинава ќе заврши со Големата награда на Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“ на 17 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот