Вилоу Смит го коментираше инцидентот на Оскарите: Го сакам и ја прифаќам неговата човечност

вилоу смит
Вилоу Смит го коментираше инцидентот на Оскарите / Фото: Profimedia/Принтскрин Инстаграм

Ќерката на Вил Смит, Вилоу Смит во интервју за „Bilboard“ за првпат јавно го коментираше инцидентот во кој нејзиниот татко му удри шамар на комичарот Крис Рок на Оскарите откако тој се пошегува на сметка на Џејда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)

Медиумската бура што следеше, вели Вилоу, не влијаела на нејзината креативност и не ја потресило толку многу колку нејзините „внатрешни демони“.

„Го гледам целото мое семејство како луѓе. Ги сакам и ја прифаќам нивната човечност. Поради положбата во која се наоѓаме, нашата човечност понекогаш не е прифатена и сме принудени да се однесуваме на начин кој не е здрав и праведен“, изјави таа.

вилоу смит
Семејството Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Корисниците на социјалните мрежи не беа воодушевени од изјавата на Вилоу. „Ама ајде, повеќето луѓе не одат наоколу ударајќи им шамари на другите луѓе. Нема оправдување за тоа“, напиша еден корисник. „Те молам драга. И ние сме луѓе, но не им удираме шамар на други луѓе на телевизија. Имаме некои манири и почит“, додаде друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)

За потсетување, минатата недела Смит објави видео на својот јутјуб-профил во кое јавно му се извини на Рок за инцидентот.

Повеќе написи на темата:

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

 

Вил Смит доби 10-годишна забрана од Оскарите по шлаканицата врз Крис Рок

 

Вил Смит мета на критики поради видеото во кое му се извинува на Крис Рок: Си го промовира брендот?

 

Крис Рок за видео извинувањето на Вил Смит: Ова го прави за да си го поправи нарушениот имиџ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот