Крис Рок за видео извинувањето на Вил Смит: Ова го прави за да си го поправи нарушениот имиџ

вил смит
Вил Смит и Крис Рок / Фото: Принтскрин Јутјуб/Профимедиа

Се чини дека Крис Рок нема намера да се смири со Вил Смит во скоро време, и покрај неодамнешното јавно извинување на Смит за шамарот за време на 94-тото доделување на Оскарите во март оваа година.

Рок, кој моментално е на турнеја смета дека извинувањето на Смит „не е искрено“ и дека е „изречено во негов интерес да си го поправи нарушениот имиџ“, пренесуваат странските медиуми.

„Ако сите тврдат дека се жртви, тогаш никој нема да ги слушне вистинските жртви. Дури и кога Смит ме удри… отидов на работа следниот ден, имам деца“, рече комичарот за време на неговиот на неговиот стенд-ап настап во Атланта. „Секој што ќе каже дека зборовите повредуваат, никогаш не добил удар во лице“, додаде тој.

вил смит
Фото: Профимедиа

Извор близок до Рок тврди дека комичарот не е подготвен да разговара со Смит и дека нема намера да контактира со него.

вил смит
Вил Смит / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Да потсетиме, Вил Смит пред неколку дена преку видео обраќање на својот јутјуб-профил му се обрати на Рок, молејќи го за прошка.

„Крис, прости ми. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум кога ќе си подготвен за разговор“, рече Смит во видеото.

Вил му удри шамар на Крис поради шега на сметка на Џејда

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит на Оскарите / Фото: Профимедиа

Тригерот за реакцијата на Смит беше откако Крис на сцената рече дека едвај чека да ја види Џејда Пинкет Смит во филмот „GI Jane 2“. Тоа беше шега поттикната од новата фризура на Пинкет Смит, поточно нејзината избричена глава поради проблеми со алопеција. Тогаш Смит стана, се качи на бината и го нападна Рок, а потоа се врати на своето место викајќи дека не ја спомнува сопругата за џабе.

Вил Смит мета на критики поради видеото во кое му се извинува на Крис Рок: Си го промовира брендот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот