ВИДЕО | „Во тој момент бев збунет“: Вил Смит повторно се обиде да му се извини на Крис Рок

вил смит
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

На својот канал на „ЈуТјуб“, актерот Вил Смит повторно се обиде да му се извини на комичарот Крис Рок за шамарот на Оскарите.

„Разговарав со Крис и ми беше кажано дека не е подготвен да разговара со мене и кога ќе биде, ќе бидеме во контакт. Затоа, ти велам, Крис, извини и прости. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум секогаш кога сте подготвени да разговарате“, истакнал Смит.

Актерот објасни и зошто не му се извини веднаш на Рок.

„Во тој момент бев збунет. Ништо не ми беше јасно“, рекол тој и испратил посебно извинување до семејството на комичарот, поточно неговата мајка и брат:

„Го видов интервјуто што го даде неговата мајка. Тоа е една од работите во тој момент што не ги разбрав и не размислував. Тогаш многу луѓе беа повредени. Затоа сакам да и се извинам на мајката на Крис, да извини му на неговото семејство, а особено на Тони Рок“, истакнал Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот