Вил Смит доби 10-годишна забрана од Оскарите по шлаканицата врз Крис Рок

вил смит
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

На Вил Смит му беше изречена 10 годишна забрана да присуствува на галата на Оскарите и другите настани на Академијата, откако му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Во соопштението, Академијата рече дека 94-те Оскари биле „засенети од неприфатливото и штетно однесување што го видовме од г-дин Смит на сцената“. Забраната на Смит има за цел да ги заштити изведувачите и гостите и да ја „врати довербата во Академијата“.

ВИДЕО | Протече стара снимка од Вил Смит: Џејда го малтретира, тој изгледа вознемирено

Академијата соопшти дека во моментот на шлаканицата „била несоодветна реакција на ситуацијата во просторијата“ и дека била „неподготвена за невиденото“. Се извини за тоа. Исто така, му се заблагодари на Рок што „ја задржал својата смиреност под вонредни околности“.

Смит објави брза, концизна изјава за неговата забрана од Оскарите во следната деценија.

„Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата“, рече актерот во изјава за Си-Ен-Ен.

вил смит
Вил Смит и Крис Рок / Фото: Profimedia

Смит го удри Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга, како последица на состојбата со опаѓање на косата, алопеција. Неполн час подоцна, му беше доделена наградата за најдобар актер за улогата во „Кралот Ричард“, каде го играше таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот