Вилијам и Кејт бараат слугинка: Платата предизвика лавина коментари

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA / POOL

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон бараат помошничка во домот, а платата која ја нудат предизвика полемики на социјалните мрежи.

Кралскиот пар бара слугинка која ќе ја почитува приватноста и ќе биде дискретна. Исто така, таа мора да биде добро организирана и способна да одработи најразлични работи.

Слугинката поради своето работно место би се преселила во Кенсингтонската палата, а би ја посетувала и Бекингемската палата.

Сепак, тоа што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи е платата која кралскиот пар ја понуди за идната слугинка.

Фото: EPA-EFE/Chris Jackson / POOL

Имено, таа на годишно ниво би заработувала 19.140 фунти. Од друга страна, просечната плата во Велика Британија на годишно ниво изнесува 36.611 фунти.

И додека едни мислат дека Вилијам и Кејт понудиле срамна сума за оваа работа, други ги оправдуваат така што велат дека овој износ е во согласност со работното место.

„Кој ќе преживее со тој износ?“, прашуваат едни, додека други им одговараат „Ќе живее со нив, патувањата ќе и бидат платени, храната обезбедена. Всушност понудата не е воопшто лоша“, пренесува „Independent”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот