Виктор Ѓекереш и официјално нов напаѓач на Арсенал
Виктор Ѓекереш конечно потпиша за Арсенал и сагата официјално заврши. Шведскиот напаѓач се приклучи на лондонскиот фудбалски клуб од Спортинг и претставува нивно најголемо засилување ова лето.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Долго време се зборуваше за неговиот трансфер во Арсенал, конечно сè беше договорено и потпишано. Ѓекереш исто така многу сакаше да оди во Премиер лигата, неговиот сон се оствари.
Трансферот беше комплетиран, а Арсенал му плати на Спортинг 73,5 милиони евра.
Имаше многу преговори, одбиени понуди од Арсенал, па дури и расправија помеѓу раководството на португалскиот клуб и самиот играч, но на крајот сè беше решено.
Играчот ќе го носи легендарниот број 14 што некогаш го носеше Тиери Анри, кого многумина го сметаат за еден од најдобрите фудбалери што некогаш го носеле дресот на Арсенал.
🚨❤️🤍 Viktor Gyökeres has just signed his contract as new Arsenal player! ✍🏼
All sealed after medical tests done today, official statement to follow next…
…and number 1️⃣4️⃣, confirmed. pic.twitter.com/Xt1XNAsUQ7
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 26, 2025


