Фото: Pexels/ Anna Shvets

Викањето е опасно: Децата можат да развијат психолошки проблеми поради вербално насилство

Вербалното насилство или викањето на децата може да има негативен ефект врз нивниот мозок и менталното здравје. Ова е заклучокот од најновата студија на британски научници, а тим психолози деновиве ќе им го претстави на британските парламентарци.

На децата кои се жртви на вербално насилство може да им биде потешко да стекнат пријатели и може да ја гледаат околината како закана, истакнуваат психолозите, пишува „Гардијан“.

– Кога зборовите на возрасните се навредливи, заканувачки или понижувачки, тие можат да остават трајни последици врз децата – рече проф. Емон Мекрори, клинички психолог, директор на добротворната организација за ментално здравје „Ана Фројд“ и професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).

На состанокот, Мекрори и други водечки експерти ќе ги предупредат пратениците и претставниците на политичките партии против викањето, односно вербалното насилство од страна на родителите и наставниците врз децата, кое е широко распространета појава и најчеста форма на злоупотреба на деца.

Светската здравствена организација смета дека емоционалната злоупотреба на децата, вклучително и вербалното насилство, е клучна форма на злоупотреба на најмладите. Истражувањето од 2023 година покажа дека во Велика Британија, 41 отсто од децата се изложени на вербално насилство повремено или постојано.

Професорот Питер Фонаги рече дека средбата со пратениците, организирана од добротворната организација „Зборовите се важни“, е дел од поширок напор да се осветли вербалната злоупотреба и да се посвети исто внимание како и другите форми на злоупотреба на деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот