ВИДЕО|Поддршка за Ѓоковиќ од легендарна тенисерка: Ова е другата страна која мора да ја видите

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/DIEGO FEDELE

Депортацијата на Новак Ѓоковиќ и случувањата кои и претходеа и понатаму се главна вест во светот во светот на тенисот, а српскиот тенисер сега доби поддршка од една од најдобрите тенисерки во историјата.

Легендарната тенисерка Крис Еверт во видео кои го објави на социјалните мрежи одлучи на светот да му го покаже вистинското лице на Ѓоковиќ и во него зборува за многу работи кои тенисерот ги направи за време на пандемијата.

„Ова е другата страна која луѓето мора да ја видат“, напиша 18-кратната гран слем шампионка, Крис Еверт.
На видеото се наоѓаат извештаи од медиумите низ целиот свет за тоа какви добри работи направи Ѓоковиќ од почетокот на пандемијата. Се наведува дека Ѓоковиќ дал финансиска помош на Италија кога оваа земја беше погодена од пандемијата, исто така заедно со сопругата Јелена донираа милион евра помош за борба против коронавирусот во Србија, како и за донацијата на фондацијата на Рафаел Надал.

Покрај тоа, Ѓоковиќ бараше да им се помогне на послаборангираните тенисери за време на пандемијата, помогна во промоцијата на вакцинацијата против ковид-19 во Србија, а исто така донираше финансиска помош за Австралија кога земјата во 2020 година беше погодена од големи пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот