Игор Радев/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Игор Радев: На листата од 10 синолози во светот

Синолошкиот центар при Јазичниот универзитет на Пекинг, го постави нашиот филолог Игор Радев на листата од десет синолози во светот, кои во текот на минатата година најмногу придонеле за развојот на синолошката наука.

– Искрено речено немаше таму детализирање за точно сум ставен на листата, па можам само да претпоставам, во текот на оваа година пред сè занимавав со односите меѓу Византија и Стара Кина, некаде во раниот период на средниот век, во време на династијата Танг. Тука јас имам компаративна предност во однос на другите синолози, бидејќи имам и образование по класична филологија, односно имам дипломирано класични студии на Филолошкиот факултет при УКИМ, а дури потоа почнав да се бавам со синологија. Кога човек ги има овие две образовни полиња, значи кога станува збор за такви интеркултурни истражувања тоа му дава голема предност, затоа што може да се снајде со читањето на старогрчки и латински историски извори, а и од класичните кинески извори па некоја определена тема може да биде расветлена многу подобро. Планирам да издадам книга на оваа тема, која би требало да излезе кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година, што би требало да биде издадена од Шангајската академија за општенствени науки, токму за кинеско-византиските односи на Патот на свилата во раниот среден век – вели Радев.

Радев стручно го познава модерниот кинески јазик, но и древните варијанти на јазикот.

– Под древен кинески јазик се подразбира нестандардизираната форма на старокинескиот јазик, за којшто постојат пишани извори. Почнувајќи некаде од 16 век ПНЕ, до третиот век ПНЕ, е зошто е нестандардизиран јазикм бидејќи тогаш кинеската држава функционира на нецентрализирано ниво. Но тука некаде во третиот век ПНЕ, сигурно сте слушнале за Чин Шин Хуанг, претходно крал на една од државите Чин, кој ја презема власта врз целиот тој простор, тој кратко владее по него доаѓа династијата Хан, но тогаш доаѓа до стандардизација на јазикот во Кина – вели тој.

За модерното кинеско општество, Радев вели дека главна одлика е тоа што технолошките пронајдоци многу бргу влегуваат во широка употреба.

– Сè се плаќа со телефон во Кина, едноставно животот функционира на дигитален, безжичен начин. Традиционалните начини на плаќање постојат, но тука може да наидете на проблеме. Ако извадите новчаница од 100 јуани да платите некому, многу е веројатно продавачот да нема кусур да ви врати, затоа што пет години никој не му платил со кеш. Не е сао тоа, во Кина ќе приметите и релативно голема пропорција на користење на електрични возила во градовите, што во нашиот дел од светот се уште не така. И тоа многу придонесува не само до намалување на загадувањето на атмосферата со издувни гасови, туку и на намалување на загадувањето со бучава. Во Кина ќе најдете многу ефикасна инфраструктура. Сè може да биде брзо донесено до таму каде што треба и тоа бргу да биде ставено во употреба – додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот