Др - Емилија Мирчевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Др - Емилија Мирчевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Д-р Мирчевска: Четврти златен печат за „Аџибадем Систина“ со JCI акредитација

Клиничката болница Аџибадем Систина по четврти пат ја доби престижната меѓународна JCI акредитација, со што повторно го потврди високиот стандард на квалитет и безбедност во здравствените услуги. Во интервју за „Слободен печат“, медицинскиот директор Емилија Мирчевска објаснува што значи ова признание и какви обврски носи за болницата.

Директорката вели дека „JCI акредитацијата претставува формален процес во кој едно независно тело проценува дали една здравствена установа ги задоволува стандардите за безбедност и квалитет во работењето. Таа посочува дека станува збор за глобално признаена акредитација присутна повеќе од 70 години, со болници од над 75 земји.

-Кога во 2016 година за прв пат го добивме златниот печат, бевме единствена болница не само во државата, туку и во регионот со вакво признание – додава таа.

На прашањето што е разликата од првата до четвртата акредитација, докторката вели дека разликата е значајна.

Др - Емилија Мирчевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Д-р Емилија Мирчевска – Фото Слободен печат – Методи Здравев

 

-Ако за првата акредитација бевме обврзани да ги исполниме основните стандарди за квалитет и безбедност, во оваа последна се очекуваше да покажеме дека размислуваме иновативно, делуваме проактивно и имаме акциони планови за кризни состојби – објаснува таа.

Таа нагласува дека новите стандарди вклучуваат и аспекти поврзани со глобалното здравје.

-Бевме исправени пред предизвик да покажеме дека ги ограничуваме штетните ефекти на глобалното затоплување, го фаворизираме процесот на декарбонизација и внимаваме на селекција на отпад и емисии на штетни гасови – вели Мирчевска.

За тоа како се добива акредитацијата, докторката вели дека процесот е долг и комплексен и се повторува на секои три години.

-Во периодот меѓу две акредитации мора да покажеме континуитет во работењето, особено во пациент-фокусираната грижа, безбедноста на објектот, управувањето со лекови и почитувањето на интернационалните стандарди – вели Мирчевска.

Посебен акцент вели дека се става и на медицинскиот кадар.

-Обврзани сме да правиме континуирана евалуација на перформансите на вработените, да ги следиме нивните клинички компетенции и постојано да ја верифицираме нивната едукација – вели Мирчевска.

Акредитацијата ја врши меѓународен тим експерти.

-Станува збор за сертифицирани, независни членови – обично тројца: лекар, медицинска сестра и технички експерт – појаснува директорката.

Контролата вклучува директно следење на пациентите.

-Се следи патеката на пациентот – од влез во болницата, преку дијагностика и третман, до излегување или рехабилитација – вели таа.

За пациентите, според неа, најголемата придобивка е сигурноста.

Др - Емилија Мирчевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Д-р Емилија Мирчевска – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Акредитацијата е потврда дека пациентите добиваат услуга на ниво на најреномираните светски здравствени центри. Златниот печат значи највисоко ниво на безбедност и квалитет во лекувањето – вели Мирчевска.

На прашањето што следува до следната акредитација, докторката вели дека новина е што болницата ќе биде под континуиран надзор.

-На секои шест месеци ќе имаме проверки – таканаречени ‘point of touch’ контроли, каде ќе се анализираат нашите процеси и напредокот по дадените препораки – објаснува Мирчевска.

Очекувањата за следниот циклус се уште повисоки.

-Петтата акредитација треба да нè донесе на повисоко ниво, со подетална анализа на ризиците и проактивно делување во заштита на пациентите и вработените – вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот