ВИДЕО+ФОТО | Карла Бруни назад на модната писта: Раустинг прослави 10 години во „Balmain“

карла бруни
Фото: Принтскрин / Instagram

Наоми Кембел, Карла Бруни и Мила Јовович гордо но и среќно чекореа по пистата на ревијата на „Balmain“ додека Париз врискаше од возбудата на илјадниците фанови.

Оваа среда модниот Париз славеше – Оливие Раустинг ја прослави својата 10-годишнина како креативен директор на брендот „Balmain“.

Со ревија која изобилуваше со големи манекенски имиња, Оливие за „Balmain“ приреди извонредно доживување кое прикажа бурен автентичен и препознатлив дизајн, и ја возбуди целата модна публика.

Шоуто, кое беше едно од најголемите на Париската Модна Недела, ги блокираше улиците на Париз со шестилјадната публика, а како совршен спој на силни, свежи, ретро, и доминантни стилови навистина беше нешто што не треба да се пропушти.

„Здраво Оливие, овде Бијонсе“, одекна на почетокот на ревијата на „Balmain“

Ревијата беше отворена со снимена емотивна порака од Бијонсе, која е само една во низата ѕвезди кои Раустинг ги облече во фантастични аутфити изминатата декада за нејзини спотови, јавни појавувања, како и легендарниот настап на „Super Bowl“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OLIVIER R. (@olivier_rousteing)

„Ти донесе нов начин на размислување кој помогна да се убеди модата конечно да почне да ја рефлектира реалната вистинска убавина на денешните улици, убавината која ти и твојот тим ја согледувате секојдневно на различните импресивни булевари и патеки на вашиот сакан Париз. Десет години сте решени да продолжите да ја туркате таа врата… ширум отворена.“

Први на пистата зачекорија Иман Хамам и Еди Кемпбел, по која следеа појавувањата на Наоми Кемпбел, Наташа Поли, Наталија Водианова, Мила Јовович, Адут Акеч во историски „камбек“ на манекенките.

Раустинг ја облече армијата на ретро-имиња во елегантно силни беж ансамбли од фустан-сакоа до пресечени мини комплети, навезени и преплетени со бисери и сребрени монистри кои ги обиколуваа гоблените со ружи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BALMAIN (@balmain)

Иако Карла Бруни се повлече од светот на модата во 2008 година кога како сопруга на тогашниот претседател на Франција влезе во политиката, 53-годишната манекенка се врати на модната писта за „Balmain“ чекорејќи на песната „Halo“ на Бијонсе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

51-годишната Наоми пак се појави во испреплетен кафен фустан во добропознатиот стил на Раустинг, чиј чекор веднаш асоцираше на чекорењето на супермоделите од 90-тите.

Раустинг кој минатата година доживеа несреќа при која се здоби со изгореници и се уште ги лекува последиците, оваа ревија ја посвети на опоравувањето од моментите на болка. Пистата прикажа фустани инспирирани од завои и фластери, кои дизајнерот се уште мора да ги нанесува на своите белези.

„Со прифаќање на претходната болка и прославувањето на моќта на лечењето, некако можев да ги преведам во убави компоненти на моите дизајни“, изјави Роустинг во неговите белешки за ревијата

 

View this post on Instagram

 

A post shared by style insider (@style.insider)

Но проставувањето на декадата не беше само со ревијата – таа беше дел од дводневен фестивал на кој настапија Доја Кет и Франц Фердинанд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BALMAIN (@balmain)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот