ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер е бремена: Ријалити ѕвездата ја потврди среќната вест

Instagram
Фото: Instagram

Откако се роди нивната ќерка Сторми во февруари 2018 година, 24-годишната Кајли во неколку наврати изјави дека не сака нејзината ќерка Сторми да биде единица, а нејзината желба конечно и ќе се оствари.

„Чувствувам притисок бидејќи сите ја сакаат Сторми. Дефинитивно чувствувам притисок да ѝ родам брат или сестра. Бременоста не е шега. Тоа е сериозна работа, тешко е“, изјави Кајли минатата година во интервју за „Harper’s Bazaar“.


Американската ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер веста за својата втора бременост ја објави на социјалната мрежа „Инстаграм“ ставајќи крај на гласините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)


Гласините за наводната втора бременост започнаа уште во јуни, кога Кајли Џенер објави фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ со која започнаа сите сомнежи. Деновиве повторно се актуелизираше темата откако неколку извори за странските медиуми со сигурност тврделе дека гласините се вистина, по што потврди и парот со прекрасно видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)


Во видеото од 90 секунди, 24-годишната Кајли вели дека очекува бебе со своето момче, раперот Тревис Скот. Двојката веќе ја има тригодишната ќерка Сторми.

Видеото започнува со прикажување на позитивен тест за бременост, а потоа се гледа како Џенер и нејзиното 30-годишно момче одат на лекар. Славниот пар е пресреќен, а малечката Сторми е подготвена да биде постара сестра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот