Жирона/Girona FC

ВИДЕО: Жирона ја шокираше Барселона, Реал Мадрид остана лидер

Во натпреварот од 24. коло во шпанската Ла Лига, Жирона приреди изненадување и славеше над Барселона со 2:1.

Првото полувреме донесе неколку возбудливи моменти на двете страни, а најинтересниот момент се случи во 45. минута, кога Јамал не реализираше пенал, погодувајќи ја стативата.

Жирона исто така знаеше да се закани, но голманот на Барселона, Жоан Гарсија беше на висина на задачата. Покрај промашениот пенал, Барселона погоди и уште една статива преку Рафиња.

Каталонците подобро го отворија вториот дел и во 60. минута дојдоа до водство, кога Кубарси одлично скокна и со глава ја испрати топката во мрежата за 1:0. Сепак, радоста траеше кратко.

Само две минути подоцна, во 62. минута, Томас Лемар прецизно погоди по асистенција на Ванат и израмни на 1:1.

До крајот на натпреварот Жирона беше подобар ривал, а само благодарение на расположениот Гарсија, Барселона успеваше да ја задржи својата мрежа. Но, во 87. минута, Марк Рока го постигна победничкиот гол и донесе заслужен триумф на домаќинот, приредувајќи нов шок за Каталонците, по тешкиот пораз од Атлетико Мадрид од 4:0 во Купот на кралот.

Реал Мадрид сега има два бода предност на врвот на табелата, додека Барселона во наредното коло на свој терен ќе го пречека Леванте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот