ВИДЕО: Жената со најдолги нокти во светот одлучи да ги исече за првпат по 30 години

Фото: Јутјуб/Принтсрин

Ајана Вилијамс за првпат по 30 години одлучи конечно да ги исече своите нокти…

Таа во 2017 година го постави Гинисовиот светски рекорд за најдолги женски нокти на двете раце, а вкупната должина на нејзините нокти тогаш изнесувала речиси пет ипол метри. Таа не престанала да ги пушта, така што тие во наредните години достигнале вкупна должина од 7,3 метри. Откако го сруши сопствениот рекорд, таа одлучи за првпат по 30 години да ги исече своите нокти.

Таа ноктите ги пуштала цели 30 години „Едвај го чекам новиот живот. Знам дека ќе ми недостасуваат, но време е да ги скратам“, изјави Ајана од Тексас.

Нејзината фасцинираност од долгите нокти е резултат на нејзината љубов кон украсувањето на ноктите. Последен пат кога ги излакирала целосно, таа потрошила 4 шишенца лак за нокти.

„Морав премногу да внимавам на секој потег со цел да не ги скршам и да не се повредам“, изјави таа, а нејзините нокти сега ќе бидат изложени во музејот во Орландо.

Сепак, најдолгите женски нокти некогаш забележани не биле овие на Ајана, туку на Ли Редмонд, и тие достигнале должина од 8,5 метри, но таа ги изгубила во автомобилска несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот