Зендаја и Том Холанд / Фото: EPA

ВИДЕО | Зендаја и Том Холанд се венчале? Нивниот стилист тврди: „Свадбата веќе се случи“

Гласините за врската меѓу Зендаја и Том Холанд добија нов пресврт откако нивниот долгогодишен стилист Ло Роуч изјави дека двојката веќе стапила во брак.

На црвениот тепих на доделувањето на наградите на Здружението на филмските актери, Роуч во разговор со новинар рече: „Свадбата веќе се случи“, додавајќи низ смеа: „Ја пропуштивте“. На дополнително прашање дали тоа е вистина, тој одговори: „Апсолутно вистина“.

Засега нема официјална потврда од претставниците на актерската двојка.

Шпекулациите за нивната свршувачка започнаа на почетокот на 2025 година, кога Зендаја се појави на Златните глобуси со дијамантски прстен на левата рака. Веста за свршувачката беше потврдена од американски медиуми, повикувајќи се на извори блиски до парот.

Неколку месеци подоцна, Холанд и самиот индиректно ја потврди свршувачката, коригирајќи новинар кој ја нарече Зендаја „девојка“, со едноставен одговор: „Вереница“.

Зендаја и Том Холанд во 2017 година / Фото: EPA

Двојката, која е позната по тоа што приватниот живот го држи далеку од јавноста, првпат беше поврзана во 2016 година за време на снимањето на филмот „Човекот-пајак: враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming). Иако првично тврдеа дека се само пријатели, нивната романса официјално беше потврдена во 2021 година, кога беа фотографирани како се бакнуваат во автомобил.

Во неколку интервјуа и двајцата отворено зборуваа за предизвиците на љубовта под светлата на јавноста, нагласувајќи дека сакаат да ја заштитат својата интимност.

ВИДЕО | Том Холанд го поправи новинарот: „Зендаја не ми е девојка, таа ми е свршеница“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот