ВИДЕО | Запознајте го Оше – диџејот кој ги замени ноќните клубови со фарма и публика од кози и магариња
Додека повеќето диџеи се борат за настап во престижни клубови под светлата на неонските рефлектори, еден артист од Велика Британија одлучи својата музика да ја пресели на сосема необично место – среде пасиште.
Препорачано
Станува збор за диџејот познат под името @its.oshebaby (Oshe) Оше, кој стана вистинска интернет сензација откако неговите видеа почнаа да се споделуваат со преку милиони прегледи. Неговиот концепт е едноставен, но генијален, тој го поставува својот пулт среде фарма, пушта квалитетен диско и хаус звук, а неговата верна публика ја сочинуваат љубопитни кози и магариња.
Зошто неговите видеа се толку посебни?
Она што ја фасцинира публиката ширум светот не е само музиката, туку необичната реакција на животните. Наместо да бегаат, козите и магарињата мирно се собираат околу него, честопати „танцувајќи“ во ритамот или едноставно уживајќи во мирната атмосфера на англиските села.
Оше често истакнува дека ова е „најдобриот рејв на светот“ затоа што нема мобилни телефони, единствениот фокус е на музиката и природата, има искрена енергија, а животните се најнепристрасната публика која постои. Потоа тука главни се мирот и слободата, наместо зачадени простории, а сцената е свеж воздух и зеленило.
Кој е всушност Оше?
Иако го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, тој се дефинира себеси како спој на две големи љубови – земјоделството и музиката. Тој не е само диџеј кој дошол на фарма за диџеј сет, тој навистина живее и работи таму, користејќи долги продолжни кабли од својата штала за да ја напојува опремата на сред нива.
Неговиот успех на платформите како Тикток и Инстаграм, каде е редовно промовиран од големи страници како Pubity, покажува дека на луѓето им е потребна токму ваква „позитивна дистракција“ од секојдневието.
Доколку ви е преку глава од градскиот метеж, пуштете си еден од сетовите на Оше и замислете дека сте таму, некаде во британските села, опкружени со најмирната публика на светот.


