Албанија поплави, се евакуираат луѓе / Фото: Albanian post , Фејсбук

ВИДЕО | Загина човек во поплавите во Албанија, вонредна состојба во повеќе делови, се евакуираат луѓе

Едeн човек се удави во поплавите што го погодија Драч, Албанија, а во неколку области беше прогласена вонредна состојба поради обилни врнежи од дожд и поплави што ги зафатија земјоделските површини, патиштата и куќите.

Властите веднаш презедоа мерки за евакуација на жителите и справување со ситуацијата, објавува „Albanian post“.

Според информациите од албанските медиуми, едно лице се удавило во областа Плепава, во градот Драч, и се верува дека е првата жртва на врнежите од дожд во земјата.

Албанското Министерство за одбрана и Агенцијата за цивилна заштита објавија дека поради ризикот од поплави, жителите на административната единица Новоселе, во општина Валона, ќе бидат веднаш евакуирани и сместени во привремени објекти.

Како што е наведено, најпроблематична е ситуацијата во регионите Скадар, Леже, Валона, Драч, Фиера, Берат и Ѓирокастро.

Во Скадар, нивото на водата во селото Обот се искачи за околу 60 сантиметри над главниот пат, а околу 15 куќи се опкружени со вода, патиштата се блокирани во Малише и Велико Поле, каде што се регистрирани и лизгање на земјиштето и свлечишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот